Лос Анџелес Лејкерс го претрпе четвртиот пораз на последните пет натпревари откако загуби на гостувањето кај Атланта со 132-134 по продолжение.
Тимот од Калифорнија не го искористи фантастичниот ефект на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Првиот постигна моќен трипл дабл со 39 поени, 11 асистенции и 10 скока и погодени шест тројки, а вториот заврши со 38 поени, 10 скока и 8 асистенции. Лејкерс се наоѓаа пред триумф кога на седум секунди пред крајот Тре Јанг погоди тројка за домашниот тим. Гостите немаа тајм аут, Леброн се обиде од голема далечина, но не беше прецизен.
Јанг беше прво име во победничкиот гим со 31 поен и 20 асистенции, го следеа Хантер со 26 поени и Богдановиќ со 20 поени. По лошиот старт на сезоната, Хоукс сега е во серија од шест победи и се искачи на петтото место на табелата во Источната конференција.
Лејкерс продолжуваат да тонат, сега се десетти на Западот и покрај тоа што не така одамна го држеа четвртото место. За Леброн ова е седми трипл дабл сезонава, токму имаше претходните две кампањи вкупно. Со тој ефект на второто место сезонава во НБА, зад Никола Јокиќ кој има девет.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Орландо 102-94
Чикаго – Индијана 123-132
Сан Антонио – Сакраменто 113-140
Голден Стејт – Минесота 90-107
Портланд – Јута 99-141
Атланта – ЛА Лејкерс 134-132
Бостон – Милвоки 111-105


