Џа Морант е убедливо најатрактивен играч во НБА во моментов и тоа го докажа во дуелот со актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс.
Неговиот Мемфис оствари изненадувачки триумф како гостин со 127-121 и се задржа на втората позиција на табелата во Западната конференција што, исто така, е големо изненадување во оваа фаза од сезоната. Џа Морант беше на чекор од трипл дабл, постигнувајќи 32 поена, 9 скока и 9 асистенции.
JA MORANT IS UNREAL. 🔥🔥🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 8, 2024
(h/t @EricTweetsNBA)
pic.twitter.com/7G5y4AIrL7
Неговиот најатрактивен момент се случи кон средината на третата четвртина кога влезе од левата страна, измами двајца противнички кошаркари и со забивање од зад грб ја заврши фантастичната акција.


