Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ ноќеска го оствари својот втор трипл дабл оваа сезона, а вкупно 79. во кариерата со што се искачи на седмата позиција на вечната листа во НБА лигата.
Таму го помина легендарниот Вилт Чембрлен кој во својата кариера остварил 78 трипл дабл ефекти. Следен пред Словенецот е неговиот тренер Џејсон Кид кој се наоѓа на шестото место 107. Дончиќ оваа сезона неколку пати за 1-2 скока или асистенции пропушти шанса да оствари трипл дабл и дополнително да го подобри своето конто. Минатата сезона беше рекордна за него во овој сегмент со 21 трипл дабл натпревар.
Congrats to @luka7doncic on the @dallasmavs for moving to 7th on the all-time TRIPLE-DOUBLES list! pic.twitter.com/xR8GQRDCFE
— NBA (@NBA) December 8, 2024
Пред Дончиќ, покрај Кид, се наоѓаат уште Леброн Џејмс со 119, Меџик Џонсон со 138, Никола Јокиќ со 139, Оскар Робертсон со 181 и Расел Вестбрук со 200 трипл дабл натпревари.


