Шампионот на Франција, Монако по вторпат оваа сезона доживеа пораз од најпријатното изненадување во европската кошарка Париз.
Лидерот на табелата во Евролигата славеше на домашен терен со 111-104 по продолжение во дербито на 11. коло од француското првенство, а до победата дојде по голем пресврт. Монако водеше со 19 разлика во втората четвртина, со 15 во третата и сепак не успеа да дојде до победата.
Три четвртини Ти Џеј Шортс беше мошне тивок, а противничките играчи одлично го чуваа. На крајот од третиот период имаше само четири постигнати поени, но на сите им беше јасно дека тоа не може вечно да трае. Тој беше иницијатор на големиот пресврт во последниот период, Париз направи серија од 10-0 за израмнувае на 84-84, а го погоди и кошот за продолжение, на околу 20 секунди пред крајот.
И во дополнителните пет минути Монако го диктираше темпото, водеше со 102-96 и со 104-99 и тука застана. Париз го затвори натпреварот со серија од 12-0 за петта победа во низа и одржување на чекорот со лидерот Шоле.
Шортс го заврши натпреварот со 18 поени, 11 асистенции и 2 скока, но одлични беа и Ворд и Ифи. Ели Окобо го предводеше тимот на Монако со 27 поени.


