Њујорк Никс ја оствари петтата победа во последните шест натпревари откако славеше на гостувањето кај Торонто со 113-108.
Во центарот на вниманието беше репрезентативецот на Доминиканска Република, Карл Ентони Таунс. Никс долго време се мачеа да го скршат отпорот на Репторс, а потоа на сцена стапи искусниот крилен центар кој блесна во клучните моменти.
При нерешен резултат (108-108), на 36 секунди пред крајот, гостинскиот тренер побара тајмаут. Веднаш по него, Таунс постигна кош на асистенција на Брансон, потоа го запре обидот за забивање на Берет и го блокираше Ануноби, за во следната акција да погоди тројка со што стави точка на мечот.
Таунс заврши со 24 поени и 15 скока што е 13. натпревар по ред на кој Таунс постигна дабл дабл. Сепак, мора да се истакне дека не дојде сам до победата затоа што имаше голема помош од Микал Бриџис кој постигна 23 поени со пет тројки, како и Џејлен Брансон кој реализира 20 поени. Торонто го доживеа третиот пораз во низа и покрај тоа што го имаше расположениот Берет кој постигна 30 поени со 8 скока.


