Претстојниот викенд во Лас Вегас ќе се одржи завршницата од НБА купот, а од ноќеска се познати првите два учесника на Ф4.
Во Невада ќе патуваат екипите на Милвоки и Оклахома кои беа подобри од Орландо и Далас. Милвоки на крилјата на Адетокунбо беше подобар од Орландо со 114-109, додека Оклахома предводена од Гилџес Александер славеше против Далас со 118-104.
Орландо и покрај тоа што е драстично ослабен поради повредите на двајцата најдобри играчи Франц Вагнер и Паоло Банкеро, даде голем отпор и беше во игра до последните моменти. На 12 секунди пред крајот Сагс промаши тројка за водство, во следниот напад Лилард погоди две слободни фрлања, а потоа Сагс повторно не искористи шут за три поени, овојпат за израмнување и продолжение. Најефикасен на мечот беше Адетокунбо со 37 поени, но имаше голема помош од Лилард кој додаде 28. Кај Орландо, токму Сагс беше прв стрелец со 32 поена. Во полуфиналето, Милвоки ќе игра со подобриот од денешниот дуел меѓу Њујорк и Атланта.
Втор полуфиналист е Оклахома која ја искористи лошата игра на Лука Дончиќ и дојде до триумфот. Дорт, Карузо и Валас се менуваа во одбраната на Словенецот кој постигна 16 поени со шут од игра 5/15, плус 11 скока и 5 асистенции. Прва играч на мечот беше Гилџес Александер кој заврши со 39 поени. Оклахома во полуфиналето ќе игра с подобриот од дуелот мешу Хјустон и Голден Стејт.


