Тренерот на Хапоел Тел Авив, Димитрис Итудис ја напушти прес-конференцијата по натпреварот против Вулфс од Литванија поради прашање на еден од домашните новинари.
Прашањето се однесуваше на неговиот ангажман во ЦСКА Москва каде работеше во моментот кога почна руската инвазија врз Украина, во 2022 година.
„Сакам да ви поставам прашање, важно за општеството. Како се чувствувате во врска со фактот што за време на војната работевте во Русија, држава на терористи?“, праша Рутис Вишниаускас.
There are no bad questions, only great answers #BKTEuroCup pic.twitter.com/aukvu2lIga
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 11, 2024
„Сериозен сте?“, прво со прашање одговори Итудис, а откако новинарот остана упорен, грчкиот стручњак продолжи:
„Добро, прашајте го тоа некој друг. Јас не сум политичар, туку кошаркарски тренер. Спортот треба да обединува, а вие ми го поставувате тоа прашање. Како се осудувате? Спортот обединува. Јас во тимот имам кошаркари од повеќе националности. Тоа е она што треба да го претставувате во Европа“, рече Итудис и ја напушти прес-конференцијата.
Итудис работеше во ЦСКА до јуни 2022 година по што на негово место дојде македонскиот стручњак Емил Рајковиќ. Интересно е тоа што грчкиот стручњак и сега работи во држава која е вклучена во воен конфликт.


