Дисциплинската комисија на Евролига му изрече нова казна на Партизан, овојпат за дуелот против Панатинаикос, во 14. коло.
„Црно-белите“ треба да платат 34 илјади евра поради тоа клубот пропуштил да ги воведе неопходните превентивни мерки за да спречи нереди за време на дуелот со ПАО, како и поради инцидентите кои ги предизвикаа навивачите на Партизан на тој меч.
Ова е втора казна за Партизан во период од една недела откако претходно Евролига му изрече санкција од 50 илјади евра за инцидентите на натпреварот против вториот грчки тим – Олимпијакос.

