Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за најдобар кошаркар во Србија за 2024 година.
Оваа календарска година тој по трет пат во кариерата беше прогласен за МВП во НБА лигата, а со српската репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз. Со ова признание, Јокиќ повторно е рекордер во Србија бидејќи четврти пат е прогласен за играч на годината. Три такви награди има Богдан Богдановиќ кој и лани го понесе признанието, а по една освоија Немања Бјелица и Милош Теодосиќ.
За најдобра кошаркарка е прогласена Јована Ногиќ, најдобар тренер во машка конкуренција е Светислав Пешиќ, а во женска Марина Маљковиќ.


