Екипите на Оклахома Сити Тандер и Милвоки Бакс обезбедија пласман во финалето од НБА купот, натпреварување кое се игра во рамки на лигата од минатата сезона.
Лани го освои Лос Анџелес Лејкерс, а сега трофејот ќе отиде кај една од гореспомнатите екипи. Милвоки ја совлада Атланта со 110-102, а и покрај тоа што беше во водство речиси цел натпревар, отпорот на противникот го скрши во последната четвртина. Јанис Адетокунбо беше лидер на теренот со 32 поени, 14 скокови и 9 асистенции, додека Деjмијан Лилард придонесе со 25 поени. Кај Атланта, Тре Јанг повторно беше најистакнат кај Атланта со 35 поени, 7 скокови и 10 асистенции.
Во вториот полуфинален дуел, Оклахома доминираше против Хјустон Рокетс, остварувајќи убедлива победа од 111:96. Шеј Гилџес-Александер се истакна со одлична игра, постигнувајќи 32 поени, осум скокови и шест асистенции. Кај поразената екипа, Томпсон беше најдобар стрелец со 19 поени.
Финалето од годинашното издание на НБА купот е на програмата в среда рано наутро, во 2:30 часот по средноевропско време.


