Италијанскиот шампион Олимпија Милано покажува две сосема различни лица во моментов во двете натпреварувања во кои учествува.
Во Евролигата ја има најдолгата победничка серија која изнесува шест триумфи во низа, но затоа во домашното првенство не може да победи. Денеска загуби на гостувањето кај Варезе со 92-94 што е трет пораз по ред во Лега А по кој падна на осмата позиција на табелата со биланс 6/5.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот помина 17 минути и за тоа време постигна 10 поени со 2 скока и 1 асистенција.


