Можеби не е квалитет како неговиот татко, но Брони Џејмс е вистинска маркетинг сензација во САД.
По безмалку два месеца од почетокот на неговата дебитантска сезона во НБА, помладиот Џејмс има одиграно само 18 минути, но и тоа беше доволно да потврди колку е популарен, особено кај младите. Сите сакаат да го имаат неговиот дрес, а тоа им оди во прилог на Лос Анџелес Лејкерс и на НБА.
Според информациите од САД, досега се продадени над 500 илјади дресови на Брони што е приход од над 50 милиони долари. Најинтересно е тоа што неговите дресови се попродавани од оние на неговиот татко.
Уште еден неверојатен податок е врзан за Брони Џејмс. Неговиот дрес е најпродаван од сите дебитанти во НБА, но не само оваа сезона, туку воопшто во историјата на НБА.


