Иако не му се проверени, тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман ги изнесе првите информации во врска со состојбата на Матијас Лесор.
Французинот доживеа тешка повреда на дуелот против Басконија и веднаш беше однесен в болница, а моментот предизвика траорна атмосфера во ОАКА арената во Атина. Панатинаикос победи со 104-69, но никој не беше среќен поради тоа.
„Немаме што да славиме, лоша среќа за Матијас, мислам дека ја скрши ногата. Цел тим беше во шок по она што се случи. Некому му се слоши на трибините, доживеа срцев удар и натпреварот беше запрен на 10 минути. Се надевам дека и Матијас и навивачот ќе оздрават“, рече Атаман.
Многу веројатно за Лесор заврши оваа сезона бидејќи ако навистина има скршеница на ногата, паузата ќе трае најмалку половина година. Ако е нешто потешко, во прашање е доведен и неговиот настап на Европското првенство претстојното лето.


