Ни на играчите на Панатинаикос, ни на Басконија, исходот од вечерашниот натпревар од Евролигата не им значеше многу и покрај тоа што европскиот шампион победи со 35 поени разлика.
Во животот има поважни работи од кошарката и тоа го докажаа кошаркарите на двете екипи, непосредно по завршувањето на натпреварот, во ситуација каква што не е видена досега на кошаркарските терени во Европа.
Bigger than Basketball ❤️ @markushoward11 joins the @Paobcgr squad to pray and show support for Lessort 🙏 pic.twitter.com/lsEYUywcP7
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 19, 2024
Играчот на Басконија, Маркус Хауард ги собра речиси сите актери на теренот и упати молитва за Матијас Лесор во името на сите. Од Панатинаикос уште се очекуваат официјални информации за состојбата на францускиот центар.


