Екипата на Голден Стејт Вориорс одигра еден од своите најлоши натпревари во историјата и доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Мемфис.
Домаќините славеа со 51 разлика (144-93), а во текот на мечот нивното водство изнесуваше и 57 поени. Главната причина за дебаклот на Вориорс лежи во очајната игра на двајцата носители на тимот Стеф Кари и Дрејмонд Грин.
Особено тоа се однесува за првата ѕвезда во екипата Кари кој првпат во кариерата не успеа да постигне кош од игра. Го заврши мечот со само два поена и без кош од игра: 0/7, вклучувајќи 0/6 за тројка, а единствените поени ги постигна од линијата за слободни фрлања. Додаде уште три скока и една асистенција, а овој меч ќе остане запишан како можеби најлош во неговата кариера. Грин беше уште полош, не постигна ни поени, а не забележа ни скок, ни асистенција.


