Екипата на Партизан го претрпе третиот пораз за помалку од една недела, сметајќи ги сите натпреварувања.
По неуспесите на домашен терен во дуелите со Будуќност во АБА и Асвел во Евролигата, денеска „црно-белите“ загубија на гости кај Анадолу Ефес со 77-86 и првиот дел од сезоната во елитното европско натпреварување го завршија со биланс 7/10, на 14. позиција на табелата.
Централна фигура на натпреварот беше крилниот играч на Анадолу Ефес, Ерџан Османи кој го одигра најдобриот натпревар во својата кариера. Тој е роден Албанец, но со турски пасош и е играч на тимот од Истанбул од минатата сезона, но вечерва блесна во полн сјај, постигнувајќи бројки какви што не забележал досега. За 35 минути во игра, Османи постигна 25 поени што е негов апсолутен рекорд во кариерата и три пати над просекот оваа сезона. Освен тоа, запиша уште 6 скока и 4 асистенции и беше нерешлива енигма за Партизан.
Што се однесува до натпреварот, Партизан беше рамноправен, па и подобар противник три четвртини, но тотално колабираше во последните 10 минути. Нив Ефес ги доби со 28-16 и тука го сврте резултатот во својот корист, а со тоа дојде до 10. победа оваа сезона.


