Екипата на Кливленд дојде до 24. победа во 28. натпревар од сезоната и се зацврсти на првото место откако вчера Бостон неочекувано загуби на домашен терен.
Кавс славеа со 124-101 против Милвоки на домашен терен и сега имаат три победи повеќе од Бостон и две од Оклахома. На третина од сезоната, шампионот од 2016 година е најдобар во лигата и покажува дека досегашните резултати не биле случајност и покрај тоа што никој не очекуваше ваков старт на сезоната.
Милвоки пред неколку дена триумфираше во НБА купот, но синоќа немаше одговор за расположените играчи на Кливленд. Домаќинот водеше безмалку цел натпревар, во последната четвртина беше и +36, па Бакс успеаја да се спасат од катастрофа во финишот кога двете екипи играат со „трети“ состави.
Адетокунбо беше единствен расположен играч кај Милвоки, постигна 33 поени и 14 скока, а далеку зад него остана Мидлтон со 14 поени. Мичел го предводеше Кливленд со 27 поени, а тимот од Охајо оваа сезона на домашен терен има 15/1.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Шарлот 108-98
Кливленд – Милвоки 124-101
Мајами – Оклахома 97-104


