Актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс му се одмазди на Чикаго за неодамнешниот пораз и со 123-98 го совлада сега на гостински терен.
Прв играч на мечот беше Џејсун Тејтум кој постигна трипл дабл со 43 поени, 16 скока и 11 асистенции. Тејтум е еден од најдобрите играчи во лигата, минатата сезона беше најзаслужен за титулата на Селтикс, но ниеднаш не бил спомнуван како кандидат за МВП на сезоната.
На синоќешниот натпревар, Чикаго се држеше само во прватга четвртина која заврши нерешено (28-28). Во вториот период Бостон ја презеде контролата над резултатот, направи предност од 12 разлика, а на крајот дојде и до убедлива победа.
Покрај Тејтум, кај Бостон се истакнаа уште Порзингис со 22 и Браун со 19 поени, додека Никола Вучевиќ од 19 поени и 10 скока го предводеше Чикаго.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто – ЛА Лејкерс 99-103
Орландо – Мајами 121-114
Атланта – Мемфис 112-128
Бруклин – Јута 94-105
Чикаго – Бостон 98-123
Кливленд – Филаделфија 126-99
Милвоки – Вашингтон 112-101
Минесота – Голден стејт 103-113
Њу Орлеанс – Њујорк 93-104
Далас – ЛА Клиперс 113-97
Сан Антонио – Портланд 114-94
Феникс – Детроит 125-133


