Центарот на Партизан, Тајрик Џонс го има најатрактивниот потег по првото полувреме од дербито против Црвена Звезда, но слободно може да се каже и во досегашниот дел од АБА лигата.
Во втората четвртина од мечот во Белград, Американецот одигра пикенрол до играчот со исто презиме од неговиот тим Карлик, а потоа жестоко ја заби топката во обрачот.
🚨 MUST-WATCH 🚨
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) December 23, 2024
Tyrique Jones with probably the BEST POSTER DUNK OF THE SEASON, so far. 😱😱#ABALiga | #NLBSlamDunk@PartizanBC pic.twitter.com/PxftbHxzaU
На неговиот „постер“ заврши литванскиот интернационалец Рокас Гиедраитис кој немаше никакви шанси да го изблокира противничкиот кошаркар.


