На почетокот на новиот ден во САД, НБА лигата донесе одлука за тешкиот инцидент што се случи синоќа на мечот меѓу Феникс и Далас.
Во краток, но жесток судир влегоа Јусуф Нуркиќ од една и Наџи Маршал и Пи Џеј Вашингтон од друга страна кои добија тешки суспензии. Нуркиќ е казнет со три меча неиграње и по 125 илјади долари по натпревар, односно вкупна сума од 375 илјади долари.
Маршал е суспендиран на четири меча и казна од 59.113 долари по натпревар, односно вкупно 232.456 долари, додека Вашингтон ќе пропушти еден натпревар и ќе плати 89.080 долари.


