Американскиот плејмејкер Брендон Слај до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Цедевита Јуниор.
Клубот од Загреб сооошти дека Слај треба да биде замена за Таџ Иди кој неодамна доживеа повреда поради која ќе паузира меѓу шест и осум недели. Слај до пред 20-тина дена беше играч на МЗТ Скопје, но го напушти клубот од Аеродром откако стана јасно дека се загубени шансите за пласман во следната фаза од АБА 2 лигата.
За разлика од МЗТ, Слај ќе игра во АБА 2 во вториот дел бидејќи Цедевита Јуниор, која беше во група со македонскиот шампион, го освои второто место и влезе во Топ-8. Своето деби за новиот клуб, Американецот ќе го има веќе в понеделник кога Цедевита Јуниор гостува кај Сплит.


