Откако во саботата изутрина се степаа кошаркарите на Феникс и Далас, нова тепачка на НБА терените изби синоќа на дуелот меѓу Хјустон и Мајами.
До инцидентот дојде на околу 36 секунди пред крајот, а го иницираа Амен Томпсон од Хјустон и Тајлер Хиро од Мајами. Не беше толку драматично како при пресметката на Нуркиќ и Маршал кога летаа боксови, но Хиро заврши на паркетот откако беше буквално фрлен од противничкиот кошаркар.
Hubo pelea en Houston-Miamipic.twitter.com/V9jP38EXZn
— Isolation (@IsolationNBA) December 30, 2024
Во тепачката се вклучија и други играчи, дојде до мешаница, но сето тоа траеше неколку секунди и без видливи последици кај некој од нив, а обезбедувањето ги раздели завојуваните страни. На крај се се заврши со шест исклучувања меѓу кои и тренерот на Хјустон, а Мајами славеше со 104-100.


