Партизан го избегна третиот пораз по ред во АБА лигата и остана на врвот на табелата, израмнет со Црвена Звезда и Будуќност.
Во дербито на 14. коло од регионалното натпреварување, „црно-белите“ некако ја совладаа Олимпија со 78-76 откако цел натпревар беа во негатива, а на половина минута пред крајот беше +4 за гостинскиот тим. Словенечкиот шампион имаше предност и од 14 разлика во третиот период (66-52), но Партизан успеа да се врати во игра и на три минути до крајот да се доближи на само еден поен (68-69).
Partizan je neverovatan tim! pic.twitter.com/mGUdJhfZJ0
— Retro Partizan (@PartizanRetro) December 30, 2024
Во драматичната завршница Олимпија имаше 75-71 кога Двејн Вашингтон погоди две слободни фрлања за -2, а на спротивната страна, од истата позиција само еднаш погоди Николиќ. На 20 секунди пред крајот Карлик Џонс погоди тројка за израмнување, Олимпија имаше цел напад за евентуален кош за победа, но Исак Бонга ја украде топката и додаде до Вашингтон кој го донесе Партизан во водство од 78-76.
Повторно Олимпија имаше доволно време да организира цел напад, Лемар и Николиќ се обидоа со тројка да ѝ донесат победа на својата екипа, но не беа прецизни. Особено беше блиску Николиќ чија топка буквално излезе од обрачот.
Вашингтон со 18 поени беше најефикасен кај Партизан, Карлик Џонс додаде 15, а Браун 13. Убедливо најдобар поединец на мечот беше играчот на Олимпија, Лемар кој заврши со 24 поени.


