Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембанјама имаше историски месец во НБА лигата и бројки какви што не се забележани во безмалку осумте децении во ова натпреварување.
Годината ја заврши со 27 поени во победата против Лос Анџелес Клиперс со 122-86 и со тоа го комплетира фантастичниот декември на индивидуален план. Во него, Вембанјама стана прв кошаркар во историјата на НБА кој во еден месец постигна 300+ поени, 100+ скока, 50+ блокади, 50+ асистенции и 40+ тројки.
Интересно е тоа што францускиот центар постигна по барем една тројка на последните 24 натпревари и барем една блокада на последните 67 меча.


