Кошаркарот на Детроит Пистон, Џејден Ајви доживеа тешка повреда на ноќешниот натпревар со Орландо откако на неговата нога падна противничкиот играч Кол Ентони.
По несреќниот момент, Ајви остана да лежи во болки на паркетот, а за време на лекарската интервенција, играчите на двете екипи заедно плачеа, во неверување од она што се случи. Најпогоден беше виновникот за оваа ситуација Ентони кој, за волја на вистината, немаше лоша намера, туку се бореше за топка.
Jaden Ivey left game in stretcher after apparent leg injury. Hope he's ok 🙏 pic.twitter.com/tBiVOScskm
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2025
По неколкуминутно укажување помош, Ајви на носилки беше изнесен од арената додека од трибините навивачите го скандираа неговото презиме. Во текот на денов се очекуваат детални информации за неговата состојба.


