Менаџментот на Мајами Хит му одреди суспензија на Џими Батлер, само еден ден откако тој јавно изјави дека не е среќен во тимот и јавно побара да биде трејдуван.
Франшизата од Флорида во своето соопштение објави дека на ваков потег се одлучила затоа што ветеранот повеќекратно се однесувал недолично и со тоа му наштетил на тимот.
„Го суспендиравме Џими Батлер на седум натпревари поради повеќе случаи на недолично однесување, штетно за тимот во текот на сезоната, а особено последните неколку недели“, објави Мајами.
Во исто време, од Хит најавуваат дека ќе ги разгледаат сите опции за евентуален трејд на Батлер што значи дека не е исклучено наскоро двете страни да се разделат.


