Агонијата со повредите е готова и Кавај Ленард ноќеска се врати во тимот на Лос Анџелес Клиперс за мечот против Атланта.
Поради повреда, тој го пропушти и настапот на Олимписките игри во Париз, постоеја шпекулации дека размислува и за крај на кариерата, но сепак ја помина рехабилитацијата и повторно заигра. Клиперс ја победија Атланта со 131-105, а Ленард го заврши мечот со 12 поени, 3 скока, 1 асистенција, 1 украдена и 2 загубени топки за 19 минути на теренот.
Својот последен натпревар, Ленард го одигра на 27 април 2024 година, во плејоф серијата против Далас кога Мавс славеа со 101-90.


