Далас Маверикс се наоѓа во серија од пет порази, а во следниот период ќе биде и без втората голема ѕвезда во тимот.
Лука Дончиќ одамна е во „аут“, но Џејсон Кид остана и без Кајри Ирвинг кој има повреда на грбот и ќе мора да паузира извесен период. Официјалната информација е дека ќе биде надвор од екипата меѓу една и две недели, но сигурно ќе пропушти 4-5 натпревари.
Пред повредата на Дончиќ, Далас се наоѓаше на втората позиција во Западната конференција, а во моментов е шести со идентичен биланс (20/16) како и седмопласираниот Лос Анџелес Клиперс кој исто така е во криза. Подолга серија од Маверикс во моментов има само Шарлот којо не победил на последните десет натпревари.


