Вечерва на програмата во НБА лигата е дуелот на двата последни шампиона во НБА лигата Бостон и Денвер.
Нагетс гостуваат кај бранителот на титулата, но ќе бидат драстично ослабени бидејќи, како што објави франшизата, во тимот ќе го нема еден од најзначајните играчи Ерон Гордон. Тој вчера тренирал со остатокот од екипата, но има повреда на листот и нема да биде во комбинација за настап на вечерашниот меч.
Оваа сезона Гордон просечно постигнува по 13 поени, но настапи на само 17 натпревари поради разни повреди. Покрај него, во екипата на Денвер ќе недостасуваат уште Чанчар, Холмс и Џонс кои подолго време се повредени.
Проблеми со повредени играчи има и кај Бостон бидејќи поради настина нема да игра еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата Дерик Вајт. Сепак, во комбинација е ударниот квартет на Селтикс, Тејтум-Браун-Холидеј-Порзингис, па поради тоа шампионот е во нешто поповолна позиција.


