Кливленд Кавалирс очигледно е најдобар тим во НБА во моментов бидејќи шампионот од 2016 година блеска и против оние од врвот на лигата.
Сезонава два пати го победи Денвер, еднаш Бостон, а ноќеска го среди и лидерот во Западната конференција, Оклахома со 129-122. Тоа е 11. победа по ред за најдобриот тим во лигата, а воедно ѝ ја прекина серијата на Оклахома која изнесуваше 15 триумфи.
Мечот помина во израмнета игра, но во последните миути Кливленд имаше повеќе инспирација во нападот. На три минути пред крајот Кавс водеа со 121-114 и се чинеше дека тука е крајот, но една минута подоцна Оклахома беше на само -2 (122-124). Се беше решено кога Мобли поентираше за домашниот тим, а на спротивната страна промаши Гилџес-Александер, па Клибленд конечно стави точка на мечот.
Шеј Гилџес-Александер повторно одигра одличен натпревар, постигна 31 поен, добар беше и Вилијамс со 25 поени, но сето тоа недоволно за Оклахома да слави. Во победничкиот тим, Ален реализира 25 поени, 12 скока и 6 асистенции, а дабл дабл имаше и Мобли со 21 поен и 10 скока. Кливленд останува убедлив лидер на Истокот и воопшто во лигата со биланс 32/4, а Оклахома и покрај поразот, се уште има голема предност пред второпласираниот Хјустон на Западот.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Оклахома 129-122
Индијана – Чикаго 129-113
Филаделфија – Вашингтон 109-103
Бруклин – Детроит 98-113
Њујорк – Торонто 112-98
Њу Орлеанс – Портланд 100-119
Денвер – ЛА Клиперс 126-103
Милвоки – Сан Антонио 121-105


