Семејната куќа на Стив Кер е една од стотиците кои ги однесоа страшните пожари што овие денови владеат во Лос Анџелес.
Последните два дена пожарите дојдоа до луксузните населби од градот, па настрадаа многу домови на познати личности и ѕвезди од сите сфери. Меѓу нив и на Стив Кер чија мајка, 90-годишната Ен уште живеела во куќата. За среќа, таа е на безбедно и евакуирана е од Лос Анџелес, заедно со уште неколку илјади луѓе од предградијата. Семејството Кер живеело во таа куќа од 1969 година, четири години по раѓањето на Стив.
Поради пожарите, играчот на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард вчера ја напушти екипата и отиде да го спаси своето семејство, како и соседите со кои живее.


