Откако пред две недели познатите аналитичари и обложувалниците го поставија Шеј Гилџес-Александер како прв фаворит за признанието за МВП на сезоната, денеска истото го направи и НБА.
Во вообичаениот неделен ранкинг, на првото место повеќе не е Никола Јокиќ, туку суперѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер кој игра фантастично оваа сезона. Ваквата ситуација е на сила и покрај тоа што Јокиќ е подобар од Канаѓанецот во сите статистички категории и дури е подобар стрелец за 0,2 поени.
Српскиот репрезентативец е на работ на трипл дабл просек со 31,5 поени, 13 скока и 9,7 асистенции, додека Гилџес-Александер постигнува по 31,3 поени, 6,1 асистенции и 2 украдени топки. Многу веројатно, причина за промената на првата позиција е тоа што Оклахома, чиј член е Гилџес-Александер е убедлив лидер во Западната конференција, додека Денвер е на четвртото место со дури девет победи помалку.
Зад Гилџес-Александер и Јокиќ, до петтото место на последниот ранкинг се уште Јанис Адетокунбо, Виктор Вембанјама и Џејсон Тејтум.


