Големите пожари во Лос Анџелес и невремето кое владее на источниот брег од САД придонесоа да бидат одложени дури три натпревари од ноќешната програма во НБА лигата.
Очекувано беше да не се играат дуелите на двете екипи од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс. Двете требаше рано изутрина, од 4:30 часот по средноевропско време да бидат домаќини, на Сан Антонио, односно Шарлот, но за нивните дуели ќе се бара нов термин. Ова е втор одложен меч на Лејкерс кои во четвртокот не играа ни против Хорнетс.
Вечерва нема да игра ни натпреварот меѓу Атланта и Хјустон кој беше закажан за 21 чсот. Причина за тоа е фактот што Атланта веќе неколку дена е под снег и мраз и гостите од Тексас не успеаја ни да допатуваат.


