Без Никола Јокиќ, Денвер е само просечна екипа и тоа се покажа и синоќа, по којзнае кој пат.
Репрезентативецот на Србија не настапи на ноќешниот натпревар против Хјустон, па тимот од Тексас без никакви проблеми, како гостин славеше со 128-108 и се зацврсти на втората позиција на табелата во Западната конференција. Јокиќ не играше поради воспаление на лактот на десната рака и пропуштениот меч е шести за него оваа сезона.
Победникот беше решен уште во првото полувреме кое Хјустон го доби со 69-48, па останатите 24 минути беа само рутина и нешто посериозен тренинг за двете екипи. Грин го предводеше Хјустон со 34 поени, додека Браун и Мареј со по 22 беа најефикасни кај Денвер.
Рокитс со два меча помалку има победа повеќе од третопласираниот Мемфис, додека Денвер е четврти на Западот. Поразот од Хјустон беше прв по серија од четири победи.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Њујорк 119-125
Торонто – Бостон 110-97
Чикаго – Атланта 97-110
Милвоки – Орландо 122-93
Њу Орлеанс – Далас 119-116
Сан Антонио – Мемфис 115-129
Денвер – Хјустон 108-128
Јута – Шарлот 112-117
Минесота – Голден Стејт 115-116
ЛА Лејкерс – Мајами 117-108
ЛА Клиперс – Бруклин 126-67


