Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада Бруклин со 126-67 и со тоа двете екипи соборија по еден клупски рекорд.
Победата од 59 разлика е највисока во историјата на Клиперс и десетта најголема во постоењето на НБА лигата. Претходниот највисок триумф на овој тим изнесуваше 50 разлика, од дуелот против Оклахома (138-88) во 2022 година.
Од друга страна, Бруклин го доживеа најтешкиот пораз во својата историја. Претходниот антирекорд на оваа франшиза беше 52 поена (87-139), од мечот со Хјустон Рокитс во 1978 година.
Можеше да биде уште поубедливо бидејќи во последната четвртина домаќините водеа и со 64 разлика и покрај тоа што уште во третиот период тренерот Тајрон Лу ги извади од игра главните играчи.


