Скопскиот тим ИБА Академија обезбеди пласман на суперфиналето од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) по турнирот што деновиве се одржуваше во Кале, во организација на Вардар.
На трите меча, во конкуренција на кошаркари до 16-годишна возраст, ИБА Академија оствари три убедливи победи, против Титан од Турција (92-68), Работнички (78-39) и Фрисхусет од Шведска (69-56) и го обезбеди првото место пред денешните последни натпревари од турнирот кои нема да имаат никакво резултатско значење. Најважен беше триумфот против шведскиот тим кој бепе и најголем конкурент на ИБА за челната позиција на табелата.
Суперфиналето во оваа конкуренција ќе се одржи во Рига кон крајот на февруари, а ИБА ќе се бори за титулата во една од најмасовните младински лиги во Европа.


