Оклахома Сити Тандер се израмни со Кливленд Кавалирс откако ноќеска на домашен терен ја победи Јута со 123-114.
Херој на мечот беше канадскиот кошаркар Шеј Гилџес Александер кој за 37 минути во игра постигна 54 поени и уште еднаш потврди зошто е во најтесниот круг на фаворити за МВП признанието. И во најтешките моменти, кога Јута се доближи и се закани дека може да направи изненадување, суперѕвездата на Тандер ги презеде работите во свои раце и му ја донесе победата на својот тим.
За Гилџес Александер тоа е рекорд на кариерата откако неговиот претходен најдобар ефект изнесуваше 45 поени. Канаѓанецот е и прв кошаркар на Оклахома која минал границата од 50 поени, по Расел Вестбрук во 2017 година, а таков ефект во историјата на оваа франшиза (претходно се викаше Сиетл Суперсоникс) имаат уште Кевин Дурант и Реј Ален. Неговиот ефект е петти најдобар оваа сезона по Диерон Фокс (60 поени), Јанис Адетокунбо (59), Никола Јокиќ (56) и Џејлен Брансон (55).
Оклахома сега има биланс 36/7, исто како и Кливленд Кавалирс во Источната конференција и седум победи предност во однос на второпласираниот Хјустон Рокитс.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Детроит 114-104
Бруклин – Феникс 84-108
Далас – Минесота 114-115
Хјустон – Кливленд 109-108
Мемфис – Шарлот 132-120
Оклахома – Јута 123-114
Сакраменто – Голден Стејт 123-117
ЛА Клиперс – Бостон 113-117


