Освен тоа што повторно запиша неверојатни бројки зад своето име, Никола Јокиќ во дуелот со Сакраменто постигна една од најлудите тројки сезонава во НБА лигата.
На истекот на третата четвртина, српскиот ас ја фрли топката од својата половина, од околу 20 метри и погоди, на воодушевување на присутните во Бол арената, но и на еден од коментаторите на мечот.
This dude Jokic just gets more and more unbelievable…pic.twitter.com/Byor57oszp
— Kirgo.com (@Kirgo) January 24, 2025
„Јокиќ погодува дури од Сомбор“, викаше тој додека цела арена во неверување го славеше кошот на најголемата ѕвезда на Нагетс.
На овој меч Јокиќ стигна до петтиот трипл дабл во низа, 20. оваа сезона и 150. во кариерата.


