До крајот на преодниот рок во НБА има уште десетина дена, а се поинтензивно се зборува дека Лос Анџелес Лејкерс ќе се обиде да донесе еден или двајца играчи.
На тоа инсистираат двете најголеми ѕвезди во тимот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а овој вториот испрати порака до раководството на франшизата со цел да ја убеди да ја засили екипата пред финишот од сезоната.
„Мислам дека еден центар ни е потребен за да се вмешаме во борбата за титулата. Ја имаме основата, тимот е одличен, но недостасува еден играч под кошевите за да бидеме уште посилни. Сакам да освоиме титула, немавме шампионска парада во 2020 година (поради корона пандемијата) и можеби е дојдено времето за такво нешто“, смета Дејвис.
По 42 одиграни натпревари, Лејкерс се наоѓаат на петтата позиција на табелата во Западната конференција со биланс 24/18, а во последните пет меча остварија четири победи.


