Првпат оваа сезона, Кливленд Кавалирс е во серија од три порази откако по Хјустон и Филаделфија, ноќеска повторно загуби од Хјустон, сега со 131-135 на домашен терен.
Натпреварот имаше исклучително интересен тек, во последната четвртина гостите имаа предност и од 17 поени разлика (103-86), но Кливленд успеа да се врати во игра и да израмни на 124-124. Сепак, недостасуваше последниот чекор за пресврт и Рокитс дојдоа до третата победа во последните четири натпревари.
Грин беше најдобар стрелец кај Хјустон со 26 поени, но со трипл дабл се истакна Томпсон со 23 поени, 14 скока и 10 асистенции. Прв играч на мечот беше Гарланд од Кливленд кој постигна 39 поени и 9 асистенции, но тоа не беше доволно за триумф.
По овој пораз, Кливленд остана на првото место во Источната конференција, но повеќе не е најдобар тим во лигата, епитет кој сега ѝ припаѓа на Оклахома. Кавс имаат 36 победи и 9 порази, додека Тандер со меч помалку се на 35/9.
Резултати:
Сан Антонио – Индијана 98-136
Минесота – Денвер 133-104
Далас – Бостон 107-122
Бруклин – Мајами 97-106
Шарлот – Њу Орлеанс 123-92
Орландо – Детроит 121-113
Атланта – Торонто 94-117
Кливленд – Хјустон 131-135
Њујорк – Сакраменто 143-120
Чикаго – Филаделфија 97-109
Мемфис – Јута 125-103
Голден стејт – ЛА Лејкерс 108-118
Феникс – Вашингтон 119-109
ЛА Клиперс – Милвоки 127-117


