Првата ѕвезда на Мајами Хит, Џими Батлер повторно влезе во конфликт со менаџментот на франшизата и доби уште една, трета суспензија оваа сезона.
Искусниот кошаркар е казнет поради тоа што го напуштил утринскиот шутерски тренинг на тимот откако дознал дека нема да биде стартер на дуелот против Орландо кој се иигра вечерва. На негово место, во почетната постава е планирано да се најде Хејвуд Хајсмит, а тоа воопшто не му се допаднало на Батлер.
За разлика од претходните суспензии кои беа на седум, односно два натпревара, сега казната е на неодредено време и веројатно ќе трае додека Батлер не ги прифати тимските правила или додека не биде трејдуван. Преодниот рок во НБА лигата завршува на 6 февруари до кога постои голема веројатно ветеранот да замине во друга екипа и таму да ја продолжи кариерата.
Поради досегашните суспензии, Батлер веќе загуби над три милиони долари, а оваа сума сигурно ќе биде многу поголема поради новата казна.


