Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата од четири победи откако ноќеска загуби на гостувањето кај Филаделфија со 104-118.
Повторно во тимот на Сиксерс го немаше Жоел Ембид, но затоа одлична партија одигра новата ѕвезда во тимот Тајрис Макси. Дека е расположен за игра, тој покажа уште во воведната четвртина во која постигна 14 поени, на полувреме веќе имаше 27, а натпреварот го заврши со 43.
Лејкерс го контролираа резултатот во првите десетина минути од мечот, но потоа се повреди најдобриот играч во тимот Ентони Дејвис кој замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот. Без него, екипата од Лос Анџелес ја загуби сигурноста, брзо го загуби и водството и заслужено беше поразена. Во втората четвртина Филаделфија постигна неверојатни 48 поени и тука го направи клучниот чекор кон победата.
Џејмс со 31 поен, 9 асистенции и 8 скока беше најдобар кај Лејкерс, а Нехт додаде 24 поени. За Филаделфија ова беше трета победа по ред, но и покрај тоа е надвор од плејин зоната, на 11. место во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Хјустон 96-100
Филаделфија – ЛА Лејкерс 118-104
Голден Стејт – Јута 114-103
Портланд – Милвоки 125-112


