Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер ќе остане запаметен во историјата по воведувањето на плејинот и НБА Купот, а би можел да се прослави со уште еден револуционерен потег.
Синоќа тој изјави дека би сакал натпреварите во најсилната светска кошаркарска лига да траат 40 минути, место досегашните 48, односно да се играат четири четвртини по 10 минути. Причина за тоа не е евентуален замор кај кошаркарите, туку телевизискиот рејтинг, односно падот на гледаноста на натпреварите поради долгите преноси.
„Кошарката станува глобална, а НБА е единствена лига чии натпревари траат по 40 минути. Јас сум фан на системот од четири четвртини по 10 минути. Ако се стават настрана сите рекорди и други детали, мислам дека формат на натпревари кои траат два часа се во согласност со модерната телевизија. Така беше на Олимписките игри, во колеџ-кошарката исто…“, смета Силвер.
За неговата идеја синоќа беа консултирани и некои тренери. Предводникот на Њујорк Никс, Том Тибодо е против кратење на натпреварите, но на Мајк Мелоун од Денвер му се допаѓа идејата. Веројатно во следниот период ќе има дебата на оваа тема пред да се донесе евентуално нова одлука.


