Вашингтон Визардс одамна не е конкурентна екипа во НБА, па навивачите на тимот од главниот град на САД си наоѓаат други причини за задоволство.
Синоќа Визардс го пречекаа Лос Анџелес Лејкерс и доживеаја дебакл со 96-134, но место за нивниот тим, присутните навиваа за Брони Џејмс. Синот на Леброн ја играше цела последна четвртина, кога победникот беше решен и успеа да постигне пет поени, два скока, две асистенции и една украдена топка. Статистиката не му беше добра, шутираше 1/6 од поле, но единствениот кош од игра го постигна на атрактивен начин, преку Тристан Вукчевиќ.
Bronny James showing off the playmaking!
Hangs in the air for the tough and-1 😤
Gets downhill and lobs it up to Koloko 👀 pic.twitter.com/NJALSHxwOm— NBA (@NBA) January 31, 2025
За момент изгледаше како натпреварот да се игра во Лос Анџелес, сите гледачи станаа и со стоечки овации го прославија кошот, како да станува збор за титула на Вашингтон. Се разбира, сето тоа е иронично бидејќи Брони Џејмс во НБА не е третиран како кошаркар, туку како „синот на Леброн“ и повеќе служи како туристичка атракција, отколку како сериозен играч.
Неговиот татко беше најефикасен на овој меч со 24 поени и 11 асистенции, Хачимура постигна 22, а Милтон 21 поен. Кај Вашингтон, Џордан Пул заврши со 19 поени. За Лејкерс ова беше 27. победа сезонава и сега се на само една од Денвер кој е на четвртата позиција во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Атланта 137-115
Вашингтон – ЛА Лејкерс 96-134
Јута – Минесота 113-138
Мемфис – Хјустон 120-119
Портланд – Орландо 119-90


