Освен играта во одбраната, во Далас биле загрижени и поради физичката состојба во која се наоѓа Лука Дончиќ последните недели.
Словенецот паузира од Божиќ кога доживеа тешка повреда и се очекува да се врати на терените за околу две недели, но прашање е во каква кондиција ќе биде тогаш. Информациите од Далас велат дека тој на последното мерење имал 122 килограми што е далеку од неговата оптимална маса.
Имајќи предвид дека е висок 198 сантииметри, Дончиќ има над 20 килограми повеќе од она што треба да биде во моментов и прашање е дали ќе успее да симне толку до враќањето. На социјалните мрежи се шегуваат дека словенечкиот репрезентативец е прв кошаркар во историјата што е трејдуван затоа што е дебел.


