Еден ден по трејдот во Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ се одлучи на радикален потег кога станува збор за профилот на Твитер.
Словенецот ги смени фотографиите, па сега кавер му е неговата средба со Коби Брајант во арената во Лос Анџелес, а на профилната фотографија се Коби со неговата ќерка Џана со која загина во хеликоптерската несреќа на 26 јануари 2020 година.

Со тоа Дончиќ уште еднаш го искажа својот респект кон една од најголемите легенди во историјата на Лејкерс и по свое признание, еден од неговите кошаркарски херои.


