Екипите на Милвоки Бакс и Вашингтон Визардс реализираа уште еден мега-трејд кој предизвика потрес во НБА лигата.
Во главна улога се Крис Мидлтон и Кајл Кузма кои ги разменија екипите, но се чини дека во мача предност е тимот на Бакс. Милвоки го доби Кајл Кузма, кошаркар кој последните четири сезони играше во Визардс, а претходно, во 2020 година освои шампионска титула со Лос Анџелес Лејкерс. Заедно со Јанис Адетокунбо и Дејмијан Лилард, тој ќе ја сочинува новата голема „тројка“ во НБА која ќе се обиде да го врати Милвоки на тронот.
Мидлтон безмалку цела досегашна кариера ја помина во Милвоки, со исклучок на дебитантската сезона во која играше во Детроит. Со оглед на тоа што има 33 години, менаџментот на Бакс заклучи дека е време за трејд и го испрати во Вашингтон.
Во трејдот се вклучени уште двајца кошаркари, Вашингтон го доби Еј Џеј Џонсон, а во Милвоки замина Патрик Болдвин.


