Нико Херисон за една недела стана еден од најомразените ликови за навивачите на Далас Маверикс.
Минатиот викенд тој го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс во еден од најспектакуларните трејдови во историјата на НБА лигата и оттогаш е во центарот на вниманието на американската спортска јавност. Фановите му се налутија бидејќи Дончиќ беше апсолутна суперѕвезда во тимот, а последните неколку дена тој е цел на смртни закани поради што е засилено обезбедувањето пред неговиот дом и пред арената во која игра Далас.
„Нико Херисон беше изложен на смртни закани, обезбедувањето ќе му биде засилено, а пред арената константно има протести. Херисон нема да биде на своето вообичаено место на трибините. Навивачите имаат право на незадоволство, но јасно е дека некои граници се преминати“, објавија американските медиуми.
Сето ова се случува пред вечерашниот натпревар против Хјустон, кој е прв за Далас на домашен терен по трејдот на Дончиќ.


