Џејсон Кид продолжи да работи како тренер на Далас Маверикс и покрај тоа што призна дека не бил консултиран за трејдот на Лука Дончиќ, но еден од неговите асистенти одлучи да си замине по последниот развој на настаните.
Станува збор за Марко Милиќ, првиот Словенец кој заигра во НБА лигата, а последните години работеше како асистент во Мавс, на инсистирање токму на Дончиќ. Поранешниот кошаркар на Феникс Санс влезе во стручниот штаб во 2022 година, беше тука при пласманот во финалето минатата година, но со заминувањето на Дончиќ, одлучи и тој да си оди од Далас.

Не е тајна дека на негов ангажман инсистираше токму Дончиќ кој во Милиќ гледаше ментор и човек кој може да му помогне да напредува, па затоа и одлучи дека сега нема цел да остане во тимот.


