Утре Партизан го пречекува Задар во рамките на АБА лигата, но мислите на сите во клубот се на завршниот турнир од Купот на Србија кој се игра претстојната недела во Ниш.
„Црно-белите“ ќе имаат големи проблеми на него бидејќи за разлика од Евролигата, таму имаат право на само четворица странци, но се чини дека на Обрадовиќ барем делумно ќе му биде олеснета работата. По долгата пауза, на тренинзите се врати капитенот Вања Маринковиќ кој нема да игра против Задар, но би можел да биде во составот за дуелите од Купот.
Прв противник на Партизан на тоа натпреварување ќе биде амбициозниот тим на Војводина, а ако помине, најверојатно ќе се сретне со Мега.


